ВМРО-Предавничка

Во време кога на народот му е потребно лидерство, вие одбравте следбеништво. Кога е потребно здружено единство против обезличувањето на Македонските интереси и држава, вие одбирате поделба на единството. Што би рекол еден од вашите истакнати членови. “Страв наместо Став’. Ова не личи на ВМРО на која вие се повикувате, славни наследници на едно славно и херојско минато чии членови гинеа за него и за Македонија, без око да им трепне. Вие сте обични колебливи плашливци кои не сте способни да ги заштитите интересите на народот. Го бирате ендекот за вас и Македонија онаква каква ја знаеме и трасирате нова иднина каде што достоинстовото и гордоста да се биде Македонец онака како што сега ја знаеме е укината. Укината гордост и достоинство од вас, со оваа срамна одлука која ја донесовте, го поделивте народот за предстојниот референдум, едни ќе глсааат против а други ќе бојкотираат и со тоа референдумот со голема веројатност ќе помине. Зарем мислевте дека Заев ќе организира правичен референдум кога секоја одлука која е кнотроверзна за Македонската држава ја донесе вон законски, деловнички и уставни процедури? Бирајте кои од следниве, воспоставување на Џафери за претседател на собрание, донесување на тиранската платформа, референдумското прашање, кои од овие беа донесени во Европски манир со владење на правото и процедурите? Дали чувме една критика од т.н. наши стратешки пријатели како се води државата до сега? Абсолутно НЕ. Зарем за очекување е дека ако има лажирање на гласовите, бугарски возови, групни гласања итд.  за време на референдумот т.н. меѓународна ќе упали црвено светло? Уште едно НЕ.

Во очите на “меѓународна“, Заев не може да направи грешка. А како кец на десетка ќе му дојдат цензусот за да може да си игра со гласовите како што сака додека вие глумите лудило.

Вашата референдумска одлука дава подршка и легитимитет на политиката на Заев а вашиот отпор кон Преспанскиот договор е само привиден, лажен и нереален. Ја слушате “меѓународна“ повеќе него што си го слушате својот народ. Вие ќе бидете осуденици на истиот тој народ.

До сега беше тешко, а од сега, во услови на поделен народ, ќе биде многу лесно. Сега само прашање е кој од вашите пратеници ќе дигне рака за промена на уставот? За сега никој.

Поткуп, закани и уцени, тоа ќе добиете во претстојниот период а минимум осум од вашите пратеници ќе се збогатат енормно дигајќи рака за промена на устав.

Но, ние сме тука да дадеме отпор, да издржиме храбро кога е најтешко, да дадеме сила на народот за да успее бојкотот со или без вас.

 

Сашо Маневски