За одговорноста и вината. Аналитичарот Зеколи со став

Без пардон, Заев како Премиер е одговорен за поразот на Референдумот. Одговорен е затоа што со недели однапред му се укажуваа причините поради кои резултатот ќе биде – ептен најблаго кажано – проблематичен. Одговорен е бидејќи неговите мегафони наместо да ги побиваат аргументите на опонентите, си уживкаа во карактерни атентати, типичните елитно-клошарски мангуписања, утрка у глумење фраерства и шанкерски Јован(к)и Орлеанки. Одговорноста на Заев е што не ги повлече за уши и им побара да не лаат туку да прозборат со контра-аргументи.Одговорен е што наместо да им се ссне на будалетинките кој претпладне ги навредуваа граѓаните со “стоко, небањати, идиоти, неписмени” а попладне ги викаа да излезат, тој си дозволи луксуз да се смета дека станал дел од скопската елита. Тој е одговорен за поразот. Но не е виновен.

Без Пардон, вината за поразот е хиерархијска пирамида која започнува од самиот врв на кој се наоѓа Американскиот Амбасадор во Скопје, Џес Бејли. Виновен е бидејќи со наметнувањето нему прифатливи а на јавноста неприфатливи кадри низ администрацијата, министерствата, нво, медиумите изгради систем на неодговорност пред Заев и јавноста и одговорност пред него и неговите пари. Виновен е бидејќи инсистирајќи на проверени (читај: омразени, презрени и арогантни) кадри целата референдумска кампања ја направи предвидлива, досадна, стерилна, монотона, апатична и комично суреална. Виновен е бидејќи форсирајќи ги играчите на Шеќеринска изгради нереална слика на успешност базирана врз елитистички интереси на грст клиентелисти од Скопје и ја избрка провинцијата и обичните граѓани. Виновен е бидејќи со комерцијализацијата на “реформите” ја утепа у поим тешко реанимираната јавност и граѓанска автономност која – бидете убедени! – ќе ја направеше разликата во недела. И на крај, виновен е бидејќи со сите негови потези Бејли свесно или несвесно ја подриваше одговорноста на Заев во самата партија и во самата влада, давајќи му надеж (виа Бејлистите) дека странците ќе решат. Но, овој пат кавалеријата остана во касарна.

 

Статус на ФБ на Господинот Арсим Зеколи