Бришење на Македонството
Зоран Заев во спрега со САД, ЕУ и НАТО, го реализираа громорозниот план за распад на нашата држава, Република Македонија. Заев под нивно менторство ги поткопа темелите на националниот суверенитет и, територијален интегритет на нашата држава.Го пресече македонскиот корен, го разгради македонското национално ткиво, и, изврши велепредавство, со што го смени името на државата, го избриша македонскиот идентитет и, бланко им го префрли на грците екслузивното право врз македонизмот, со целата историја од Антиката до пред втората светска војна, и со тоа едноставно престанавме да постоиме како македонци и потомци на Александар Македонски. И не само на грците, туку, и на бугарите им ја продаде историјата од втората светска војна наваму.. Сите наши дејци, илинденци кои се бореа за независноста на Македонија заминаа во бугарската историја. Македонецот со устав на новокомпонираната творевина, Северна, го избришаа како народ од сопствената држава, и го сведоа на граѓанин., кое само по себе не значи ништо и, не го поврзува како име, како јазик, како идентитет, како историја…како носител на државотворноста на таа новосоздадена вештачка творевина. Во преамбулата од уставот албанците ги внесоа како народ, а, македонецот го избришаа и го сведоа само на граѓанин, со што престана да биде носител на државотворноста. Со тоа едноставно, се реализира и последниот дел од планот на западните сили за уништување на Република Македонија и бришење на македонскиот народ од листата на народите. И тоа сето со помош на македонци, изроди и ѓаволи на својот род. .
Станавме живи лешови, кои шетаат обезглавени , безимени, без идентитет, без јазик, без своја историја и без сопствена држава. Станавме ништожни , бидејќи ни извршија национален геноцид. Болката е голема, загубите се несогледливи, срамот и страдањата преголеми. Достоинството згазено, а македонското национално ткиво разградено. Траумите кои денес ги наметнуваат заевистите врз мнозинството на Македонците, се големи но, ќе се подизлечат. Митот за античката македонска држава ќе продолжи да живее заедно со Сонцето од Вергина. Преголем и презначаен е овој мит е за да може со договор и со закони да се избрише од македонската колективна меморија. Вековниот сон за самостојна македонска држава тешко и бавно, но се оствари. Заевистичкиот национален инженеринг нема ниту да започне. Сеќавањата за сопственото минатото се дел од човековата природа. Тие ниту можат да се украдат ниту да се фалисфикуваат. Не постои здрав човек кој може да опстојува претставувајќи туѓо, или фалсификувано минато како свое. Исто е и со нациите.Ние македонците сме како Фениксот, ако треба повторно од пепелтта ке се создадеме и пак ќе формираме сопст вена држава. Патот кон слободата и независноста е тежок и макотрпен, но ние треба да го изодиме. Да се здружиме и сплотиме сите македонци, каде и да сме на земјината топка и, да ја отпочнеме нашата борба за ослободување на нашата окупирана татковина, Република Македонија. Немаме што повеќе да изгубиме. Ни останаа уште умот и колективната македонска меморија кои, со ништо не ќе можат да ги избришат. Во нашиот ум, во нашата меморија се врежани сите историски вистини, кои ние македонците секој миг ќе ги раскажуваме и изнесуваме пред светот, за да се дознае што ни се прави, и ќе ги пренесуваме на идните генерации.
Весна Наумовска