Како е откопуван Делчев од гробот во Баница!

На 22 април утрото, откако ги прегледал сите трупови, Тефиков наредил убиените да се погребаат според христијанските обичаи со свештеник, а труповите на Делчев и Гоштанов да се однесат во Серес. Кога телата се наближиле до градот, од Солун стигнала некаква телеграма да бидат вратени назад во Баница, каде биле погребани во посебен гроб. Тоа помогна да се знае гробот на Гоце. Инаку, ќе беше погребан со останатите во еден гроб, и ќе беше многу тешко да познаеме кои се коските на Гоце, а кои на другите четници.
Михаил Чаков, учесник во битката во с. Баница и човекот кој е најзаслужен за зачувувањето на коските на Делчев, оставил возбудливо сведоштво за начинот на кој тоа е сторено. Ова се неговите сеќавања: „На 22 април утрото, откако ги прегледал сите трупови, Тефиков наредил убиените да се погребаат според христијанските обичаи со свештеник, а труповите на Делчев и Гоштанов да се однесат во Серес. Кога телата се наближиле до градот, од Солун стигнала некаква телеграма да бидат вратени назад во Баница, каде биле погребани во посебен гроб. Тоа помогна да се знае гробот на Гоце. Инаку, ќе беше погребан со останатите во еден гроб, и ќе беше многу тешко да познаеме кои се коските на Гоце, а кои на другите четници.“
На 23 април 1906 година, на Ѓурѓовден, стигнавме во Баница. Точно по три години од смртта на Гоце и по едно советување со Таската, решивме да го откопаме гробот на Гоце и на Гоштанов и да ги прибереме коските.Гробот беше на една ливада до самото село, на околу десетина минути, до кулата на патот Серес – Неврокоп, во која има околу 20-тина жандарми. Поради тоа, решивме откопувањето на гробот да биде во текот на ноќта, кога можевме да преземеме и мерки на претпазливост.
За среќа, стражарите не не видоа додека откопувавме, и покрај тоа што ноќта беше со јасна месечина. На наше големо чудење, кога го откопавме гробот и стигнавме до коските, градниот кош на Гоце беше се уште нераспаднат. Затоа, го зедовме черепот и останатите коски, а градниот кош го оставивме да се дораспадне. Гоштанов беше послаб и беше распаднат целосно. Неговите коски ги предадовме на чичко му, кого го бевме повикале од Крушово, специјално за таа цел. Откако ги прибравме коските на Гоце, влеговме во селото во куќата на дедо Никола Мутафчиев, клисар на црквата. Зоврев вода во еден голем котел, и откако добро ги измивме коските, бидејќи не располагавме со други средства за дезинфекција, ги потопивме во еден сад со шпиритус. По три дена ги извадив коските од шпиритусот, внимателно ги ставив во една бовча и му ги предадов на дедо Никола.
Вечерта пред да го напуштиме селото, го повикав дедо Никола на страна и во четири очи му го кажав следното:‘Дедо Никола, ќе направиш едно сандаче, ќе ги ставиш коските во него и кога ќе спие Господ, преку ноќта, ќе ги пренесеш и ќе ги оставиш кај олтарот во црквата. Змија ќе ти го изеде јазикот ако некој друг дознае дека тоа се коските на Гоце Делчев. Дедо Никола ја чуваше тајната до смртта. Во 1908 година една ноќ, тој самиот отишол и одново го откопал гробот, ги собрал и коските од градниот кош на Гоце, на истот начин ги измил, ги потопил во шпиритус и ги ставил во сандачето.
Кон крајот на 1915 година како подофицер се најдов во Ксанти… Во ноември-декември веќе можев да ги чујам топовските грмежи од Серскиот фронт. Ми пролета мислата дека англиско-француските војски можат толку да напредуваат и да ги принудат нашите да отстапат од тие места, а заедно со тоа, и коските на Гоце да ги изгубиме засекогаш. Тогаш смислив како да ги земам. Дедо Никола Мутафчиев во 1913 година се преселил во селото Којункој, на половина час до Ксанти. Го повикав да дојде и му реков да оди и да ги прибере коските. Дедо Никола замина и го најде сандачето со коските така како што го оставил.
Селото Баница беше палено три пати. И црквата била запалена, но за чудо, олтарчето, заедно со коските на Гоце останало… Јас направив ново сандаче, ги ставив коските во него и до 1923 година ги чував дома крај иконата, а едно кандилце гореше деноноќно. Во 1919 година по силата на нештата заминав од Ксанти. Пред да заминам, по балдза ми Василка Д. Бонева го испратив сандачето со коските во Пловдив’, раскажувал Чаков.
Така коските се нашле во Бугарија. Од Пловдив Чаков ги однел во Софија, каде во август 1923 година биле изложени во црквата Света Недел на поклонение. На 12 август 1923 година биле сместени на таванот на црквата заедно со коските на Раковски. Потоа Чаков одново ги зел коските и тие биле чувани во канцеларијата на друштвото Илинден во сандачето на кое веќе било испишано: „Се заколнуваат идните генерации светите мошти да бидат погребани во престолнината на независна Македонија“.
Сеќавање на Демерџиева за загинувањето на Гоце.
 Турската војска најпрво сакала да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги заплаши селаните, бил убиен Стојан Попов, раководител на ВМРО во Баница, по што војниците започнале да палат куќа по куќа во селото. Делчев, заедно со Михаил Чаков, Георги Радев, Димитар Гоштанов и другите ги напуштиле домовите на Георги Трендафилот и Запро Ципарев каде биле сместени негде околу десет часот препладне. Нивната намера била да стигнат до горниот крајк на селото, до последната плевна на рамницата и оттука да се повлечат кон патот за Фрашани.
Групата што ја предводел Делчев излегла на Бакарово гумно и останувало само да се мине една полјана. Сето тоа го гледала Катерина Демерџиева од Баница, која подоцна го раскажала како сеќавање за крвавиот настан во нејзиното село. Таа била сведок и на последните минути од животот на Гоце. Кога тој излегол на Бакарево гумно видел дека од другата страна се појавиле неколку турски војници, кои биле скриени зад нискиот камен ѕид на гумното. Според Демерџиева, Гоце прв стрелал кон војниците, но пред да залегне еден куршум му ги пронижал градите…

 

Објавено во Puls24.mk