Клучот е во рацете на ВМРО ДПМНЕ
Владата го почна процесот за уставни измени без 2/3 мнозинство. Таа на вонредна седница, на 8.10.2018 година го усвои предлогот за пристапување кон измени на уставот на Р. Македонија, а утредента тој се најде на комисиска расправа.
Одлуката на Владата да започне еден ваков процес кој што е спротивен на законите и Уставот на Р. Македонија, како и спротивен на јасно изразената волја на граѓаните кои го отфрлија овој срамен и капитулански договор, повеќе од јасно е дека Владата треба да се повлече од спроведувањето на Преспанскиот договор.Таа нема повеке правни адути со кои може да го оправда овој срамен чин на самоукинување на македонската држава и на макдонскиот народ. Иако референдумот пропадна, таа не се окажува од него. Решението да протурка по најбрза можна постапка уставни измени, согласно Преспанскиот договор, е спротивен на Уставот на Република Македонија.
Владата после неуспешниот референдум нема ниту политички легитимитет, ниту правни можности за иницијативата за уставни измени.
И покрај се, таа се обидува повторно да игра на картата купи време, бидејќи никој повеќе не верува во искреноста и чесните намери дека референдумот беше за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Заев кој е свесен дека го нема потребното мнозинство од 81 пратеник, повторно игра валкано и нечесно, повторно во коалиција со СЈО монтираат процеси, заплашуваат, уценуваат и гонат виновници на сите страни. Тука им се придружуваат и странските емисари, кои го играат второто полувреме од утакмицата, откако во првото полувреме изгубија со голема разлика. Второто полувреме го играат со поголема концентрација во играта и со поголема тактика и жестина. На теренот покрај, Хан, Столтенберг, Меркел, Бејли, Сорос, сега им се придружи и потпретседателот на САД. Кој се не продефилира овде. Никогаш толку високи функционери не дошле за толку кратко време како сега. Тие го уценија Заев, и сега само проверуваат колку тој сработил од дадената задача за уништување на се што е македонско.
Опозиционата ВМРО смета дека Заев нема легитимитет да влегува во ваков процес на уставни измени. Од друга страна пак, после 30-ти септември, (денот на изјаснувањето на граѓаните на Р.Македонија на референдумот ) овој договор кој што Заев го склучи , со нашиот јужен сосед е правно и политички мртов, и како таков, истиот не наиде на прифаќање кај мнозинството граѓани на Р. Македонија. Мнозинството, над 1 200 000 граѓани на Р. Македонија го негираат овој договор, и истиот не го прифатија како таков.
Заев нема легитимитет после сето тоа , после јасниот сигнал од нашите граѓани после 30-ти септември, да влегува во некоја игра што ќе значи обид за вршење на уставни измени во Р. Македонија.
Законот е многу јасен во Р. Македонија. За да биде успешен еден референдум треба 50 проценти плус еден глас ,од вкупниот број на избирачи запишани во единствениот избирачки список кои имаат право на глас, да се изјаснат на тој референдум.
Но тоа не се случи. Референдумот пропадна и Дик го прогласи за неуспешен, и покрај сите притисоци, уцени, што ги правеа челниците на СДСМ, во однос на референдумскиот процес целокупно. Ако се земе во предвид сите оние девијантни појави кои што се појавија на самиот ден на гласањето на референдумот, ќе се констатираат низа нерегуларности при самото гласање, од полнење на кутии, па излезеност на гласање од 20-30 проценти во последниот час, час и половина пред завршувањето на гласањето, излезеност над 90 проценти и сл. Покрај сите притисоци, уцени, закани, нерегуларности на самиот ден на гласањето на референдумот, народот покажа една висока политичка зрелост и тие го изнегираа овој договор. Затоа тој правно и политички е мртов.
Вмро смета дека Заев нема легитимитет да влегува во ваков процес на уставни промени.
Собранието повеќе нема мандат да решава. Тоа треба да се распушти .Актуелните пратеници повеќе немаат мандат да го решаваат членството во ЕУ и НАТО, ниту имаат мандат да решаваат за договорот со Грција за промена на името. Тие прашања ги реши народот со отфрлање на референдумот од 30-ти септември 2018 година, како и на референдумот одржан на 8-ми ссептември 1991 година.
Одлуката на референдумот одржан на 30-ти септември не е усвоена. За истите прашања може да се разговара после две години, односно, од 30-ти септември 2020 година.
Поради ова, Владата на СДСМ-ДУИ треба да си поднесе неотповиклива оставка. Тие поради прекршување на правото и непочитувањето на волјата на граѓаните (кои го отфрлија референдумот како незаконски и неуставен), треба кривично да одговараат за велепредавство.
Но јас велам дека референдумот иако беше незаконски и неуставен, сепак се стави на гласање (иако не помина ).
Се прашувам што ги спречува СДСМ и Заев, истото да го направат и со договорот Ципрас-Заев?
Сега Заев кој е уценет од странските нарачатели на Преспанскиот договор, се однесува како рането животно кое напаѓа на сите страни, не бирајќи средства и методи на заплашување, уценување, прекршување на правото, како и непочитување на законите и Уставот на Р. Македонија, по незнам кој пат. Затоа се обидува да ги уценува пратениците со кривичние пријави, како и со поткуп на пратеници, се со цел да обезбеди дво третинско мнозинство, кое засега го нема.
Опозиционата ВМРО ДПМНЕ е убедена дека пратениците од нејзините редови, и од редовите на нејзините коалициони партии, нема да гласат за уставните промени и , дека тие ке ја почитуваат волјата на граѓаните на Р. Македонија кои го отфрлија референдумот.
Затоа клучот е во рацете на опозицијата. Таа ке треба на политичката сцена да ја одигра историската улога на спасител и чувар на идентитетот, името и јазикот . Таа ке треба да ја одбрани и зачува сувереноста и самостојноста на државата. Да го зачува територијалниот интегритет и национален суверенитет на нашата држава. Освен, ако во понеделник кога е планирано на пленарна седница да се разговара за уставните промени,власта не го повтори сценариото од 27-ми април, каде би се повикале на успешен референдум (игнорирајќи ги официјалните резултати од ДИК ) и веднаш потоа Преспанскиот договор да се стави на гласање, и веднаш странците да го прогласат за успешен, без разлика како гласале пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Мислам дека ова ке биде последниот адут изваден од ракавот на СДСМ и Заев, како последен обид за спас на сопствената кожа
Дали Заев го крие мнозинството или пак игра на уште еден блеф?
Кај нас се е можно и, ништо неможе да не изненади. На потег е опозицијата. Клучот е во нејзини раце . Да не дозволи да се развие сценариото како на 27-ми април. Опозицијата е таа која го има клучот за спасот на државата во свои раце. Да се надеваме дека нема да ни се случи ново изрежирано сценаријо,испланирано од тајните странски служби на западните сили.
Владата заради пропаднатиот референдум, треба да се повлече од спроведувањето на Преспансскиот договор, бидејки тој правно неможе да се имплементира и во случај да се обезбеди дво третинско мнозинство, бидејќи тој договор би паднал на уставениот суд.
Да ја почекаме пленарната седница во Собранието и да се надеваме дека ке проработи совеста и кај пратениците од СДСМ ,кои би им се придружиле на опозициските пратеници и заеднички би се обиделе да го отфрлат овој срамен, капитуланскии неуставен договор со кој се укинува постоењето на македонскиот идентитет.
Весна Наумовска