Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

Да бидеме начисто: прво, ако Уставниот суд се „дрзне“ да го почитува уставот и да ја поништи одлуката за референдумот, тоа ќе биде поради благословот на „меѓународната заедница“, е не заради храброста на судиите и владеењето на правото! Второ, ако не се „дрзне“ и ги отфрли претставките кои треба да му се јасни и на студент од прва година на право, тогаш е јасно дека таму нема уставни судии, т.е. дека целата држава е Потемкиново село (без кучиња-чувари на уставноста и законитоста). Трето, откако молчеше доволно долго за да власта го испита пулсот на народот, изврши притисоци и пропаганда и се испотрошија нелегално куп буџетски (наши!) пари, Уставниот суд пак носи политичка одлука – бидејќи времената мерка требаше да се донесе ИТНО! Сега постои сомнеж дека таквата одлука би била инспирирана од стравот дека референдумот нема да успее и ќе ја делегитимира власта. Четврто, кога бивш претседател на Уставен суд зборува вака, се’ ви е јасно зошто сме на вакво дереџе дојдени! Овој зборува слично како Лидија Димова која најдрско тврдеше дека правото било во границите на политиката, е не обратното! Накусо, што и да направи Уставниот суд работата е многу тешка, ама не е сериозна. Кризата, најдлабока досега, ја живееме секој ден, и враќање нема! И попуштање нема! Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност! Одлуката на уставниот суд нема да ги запре во налудничавиот инженеринг кој го наумиле, па така и битката, политичката и граѓанската, ќе продолжи до крај.

Кликни тука за повеќе: Проф. Ванковска: Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност! | opserver.mk