МАКЕДОНСКИ ЈАЗОЛ ,,ТРИ ВО ЕДНО,
Текстот на Мирка поради кој е срушена Дудинка.
,,Стратегијава,,на евро-американските ВИП криминалци за гео-стратешки добивки, барем во случајот со Македонија и Македнонците, како да ја правел некој ,,експертут,, како Обеликс, плус ментално неизбалансиран како Збигњев Бжежински. Според таа стратегија, решението за победа на лудиот референдум беше вака замислено: Ќе влеземе во дворецот. Ќе ја расклоцаме таа банда. Ќе го земеме ловоровиот венец и ќе си излеземе. Како ти се чини планот? Ова е дијалогот меѓу Обеликс и Астерикс пред да му го чалнат венецот на Цезар. Просто и ефикасно до тука бидува. Стратегот Обеликс ја заснова победата на својата посебност. Паднал како бебе во котел со волшебна напивка. Па никој не му може ништо. А јас се прашувам во каков котел и со каква напивка паднал оној Столттенберг штом вели дека Македонија ќе биде зачленета во НАТО во јануари идната година? На референдумот со троглаво прашање дали сте за зачленување во ЕУ и НАТО со обврска колелтивно да се самоизбришете од списокот на живи народи, убедливото македонско мнозинство одговори кристално јасно НЕ. На секое делче од поставеното троглаво прашање. Референдумот кој рокна, планериве го оценија за успешен. Нивните странски газди на лузерите им го честитаа поразот. Со што на целиов свет му ставија до знаење оти се интелигентни исто како Црпко, Рада и Димитров на купче. Што исто така значи јавна демонстрација на прочуените евро-атлански ВРЕДНОСТИ кон кои се стремат сите наши црпки. Бре! Како да шмркале волшебна напивка за сила која негативно делува на функциите на мозокот. Тројното прашање им ги измеша конците, па сега се обидуваат да го распетлаат на парче. Ебате постмодерниот ,,гордиев јазол,,! Колку што знам, Македонците кои го бојкотираа референсумот, ги отфрлија сите референдумски (пот)прашања. НЕ во ЕУ и НЕ во НАТО со услов претходно македонскиот народ доброволно да се самоубие. Па се чудам на идиотот Столтенберг што изјавува дека ќе продолжеле преговорите за на сила да не внесат во фашистичкиот евроатлански пакт. Како референдум никогаш и да не се одржал. Дај да расчистиме сега: Преспанската куротресина рокна или не рокна? Штом рокна, може ли другите придружни две прашања да се прогласат за ,,башакм Тито, башкам Јованка,,? Мислам по прочуените западоидни вредносни шаблони за тоа што е релативно, што е демократија а што тоталитарен милитаризам и фашизам, насилство врз слободна волја. Значи, ај што им пропадна ,,договорот,, ама пропаднаа и ,,едните опции,, кои гангстерски ги мушнаа во изјаснувањето за обезличување на македонскиот народ. И сега гледај ги како се обидуваат да го поделат на парчиња својот шкарт производ и така да ни го шитнат.
Што покажува овој брз ,,шах,, на умоболни а наакани дегенерици? Во цајт-нот се. Се тркаат со Русија, Кина и Турција за стратешките гоеполитички пивот точки, односно коридори. Но, сега веќе не се дораснати како што беаво време на биполарноста. Умеат само да произведуваат крвави конфликти кои не умеат да ги решат. Знаат само како да рушат и пљачкаат, а не знаат да профитираат низ комуникација и човечки договор. Не им се ни до петици на Алекасандар Македонски, Сулејман Величествениот, Петар Велики и Ктаерина Велика, или Путин, Џи Пинг и Таип Ердоган. Нивните политички вазали и членови на нивната верска секта ,,ЕДИНСТВАНА ОПЦИЈА,, напросто не ни можат да разберат дека финтата што ги прави геостратешките раскрсници примарно важни во било кое време и во било какви услови е што овозможуваат комуникација, развој, трговија, живот на човечките општества организирани како држави. Политика која заговара само една опција е глупа ко ноќ, непоправливо ретардирана и штетна по опстанокот на луѓето. Раскрсница која прогласува движење само во еден правец е ќорсокак. Таква државна политика ја осудува и нацијата и државата на живуркање како слепо црево. Македонија во СФРЈ го кркаше тоа зашто во име на Белград, а раководена од македонски политички лакеи, трговски и сообраќајно комуницираше само со коридорот север-југ. Мене ми е интересно како ,,плуралистички,, шупчиња од ,,лево-центристичкиот,, СКМ-ПДП и ,,десно-центристичката,, ВМРО-ДПМНЕ, со се Ѓорѓе Иванов упорно и во 21-ви век ја мантраат истата догма со што на Македонците како народ и на македонската нација фактички им нудат вечна беда, ропство и никаква иднина. Ги тераат на самоубиство ама и да легнат голи во масовна гробница! Не е ли тоа малку многу за секој нормален човек? Па ваквите визии и политики ги нема ни во Демихисраската лудница! Ако воопшто е тоа некаков репер за ова последно чудо.
Македонската државна и одговорна политика ќе ја распознаете ако некој политичар или некоја партија ви понуди надворешна политика на функционална раскрсница со паметна регулација на сообраќајот во сите четири главни правци и споредните прикључоци. Мајката му е само да поставите вешт цајкан кој, и кога ќе се исклучат семафорите, ќе знае да го насочува без застој движењето, за да нема нервоза, пцости и изливи на бес, па и судири заради дигнат адреналин на наакани возачи. Ние такви во Македонија уште немаме. А гледам како лесно се заговара одење на предвремени парламентарни избори по пржински ,,модел,,. Ај да ве прашам: Што ќе реши тоа? Црпнатиот Курто да го замениме со шлакнатиот Мурто? Пак ли бе по 28 години лет во место! Брза гео-стратешка шах партија се игра веќе на големо, а овде кај нас во политичките кругови уште се парира со ,,не лути се човече,,. Во вакви шаховски партии големите играчи лесно жртвуваат пешаци, па и стратешки појаки фигури, а нашиве статисти ,,натуршчици,, уште подмочуваат на селфи со евроатлански пропалитети и гангстери.
Дај бе еднаш пораснете, ало! Вам ви се обраќам, самонаречени политиачри, секави експертутки, плиткоумни активисти и неписмени медиумски пропагандисти. Не му го матете здравиот разум на Македонецот. Тој инстинктивно и од историското искуство знае дека вакви проекти не се ништо друго освен ропство, закрепостување, цицање и молзење. Транс-атланскиот и транс пацифичкиот договор, ММФ, Светска банка и слични дркотини беа алатки (механизми) за колективно должничко ропство на народите. НАТО е логор за топовско месо, чистачи на клозети, парадери на туѓи воени паради, чувари на воени логори и слични професии.
Западно-балканската вукоебина во која е претворен регионот кој некогаш бил цивилизација што извезувала интелектуални вредности извесни западоидни идиоти сакаат да ја зацементираат како едносмерен ,,чек поинт,, со кој ексклузивно ќе управува евроатланската мафија. Заборавете на евтин енергентски коридор, на пат на свилата, на трговија со потентната Азија. Ќе аргатувате за ,,дневница,, како црнците на памуковите плантажи и индијците на плантажите за чај и зачини. Ќе плачете за капка вода крај толку подземна вода ако споственик ви стане ,,Нестле,, или некој друг конзорциум. Ќе садите и жнеете ГМО. Ќе се греете на ,,гас од американски шкрилци,, ефтин како унца злато. Ќе се чудите зашто ве дерат странските монополи кои ексклузивно ни шиткаат струја, греење… Зашто кризираше Македонија баш сега? Па, затоа што Вашингтон, Лондон, Париз и Берлин наумиле да ја спречат Кина да го реализира проектот ,,Вардарска долина (за чија важност има пишувано и Бизмарк), да го оневозможи свилениот пат на трговија и да ја блокира Русија да ги гради гасоводите и нафтоводите. Гледате по кризите кои ги зафаќа оние региони кои се со излез на морињата и океаните ама и копнените. Војните за стратешките раскрсници се во тек. Никогаш ни не престанале. Војните, и светските и регионалните и локалните, се водат исклучиво од тие причини. Отсекогаш. Се дуго е приказна за наивни. Затоа, да не дозволиме нашата референдумска народна победа фашистичко- мафијашките вампири да ја претворат во јадица за фаќање на кленови. Геостратешката маркица Македонија значи слободен, функционален, добро одржуван и квалитетно регулиран крстопат. Просто е за оние кои разбираат, неразбирливо за оние кои не умеат да мислат и опасно за оние кои муваат, лажат и крадат. Ако веќе се спремате за нови избори, немојте да не замајувате со вашите панаѓурски трикчиња и да очекувате дека народот ќе ве подржува. Суверенот, Шумарот на вас десетпати и дипломирал и магистрирал, а еве сега и докторирше. Вие батка, уште не сте положиле ни на екстерно за во забавиште, а ќе сте не внеле насилно во НАТО. Кои сте бе сите вие?
М.Велиновска
Објавено на ФБ кај Миленко Неделковски.