ММДЧП: Ако прифатите Северна Македонија ќе бидете Северномакедонци

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) ги предупредува македонските граѓани дека доколку земјата се преименува во Република Северна Македонија тие ќе станат Северномакедонци.

Во своето ново видео ММДЧП предупредува на ваков развој на настаните во врска со националноста на Македонците

„Ако бидете од земјата „Северна Македонија“, автоматски сте „Северномакедонци“ порачува со хаштазите #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам движењето кое што е предводено од Бил Николов а важи за една од најактивните македонски организации во дијаспората.

If you’re from a country called “North Macedonia” you will automatically be called “Northern Macedonian”. #OurNameIsMacedonia #Boycott the illegal referendum #Македонија #Macedonia

Видеото со пораката за менување на националноста од Македонци во Северномакедонци на следниот
линк

https://www.facebook.com/MHRMI/videos/2248949075175014/?t=23

Во своето друго ново видео ММДЧП прашува колку е глупо да се биде Северна Македонија

https://www.facebook.com/MHRMI/videos/316809635790100/?t=4

Ако е македонскиот премиер Зоран Заев толку среќен со договорот за менување на името на Република Македонија, зошто тогаш не го користи името „Северна Македонија“, праша предходно во друго видео Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП).

ММДЧП во ова видео вели дека Заев воопшто не го користи името договорено со Ципрас а од Македонските граѓани бара во кампањата да го поддржат договорот од Преспа.

Нашето име е Македонија и бојкотирам порачува ММДЧП со хаштагот #Бојкотирам.

https://www.facebook.com/MHRMI/videos/330336061047129/?t=0

ММДЧП пред триесетина дена ја преплави Македонија со постери во кои се испишани пораки против референдумот односно е упатен повик за бојкот.