Nasilen obid za promena na imeto
Поминаа неколку дена од оној црн петок, ( 19.10.2018 година) од седницата во Собранието на Република Македонија, на која се гласаше за уставните промени. Симптоматично е тоа што, седницата беше зкажана за 12 часот, но таа се одржа дури во доцните ноќни часови, во 22 часот, 2 часа пред полноќ.
Нешто чудно се случуваше во Собранието за кое грѓаните на Македонија не беа информирани за тоа што се случува внатре во Собранието. Единствено нешто што знаеше народот беше тоа, дека ке се отвори процесот на уставните промени,поради имплементација на Песпанскиот договор, со што ке се смени името на нашата држава, и дека ке отпочне процесот на одумирање на македонската држава и на македонскиот народ, негоиот јазик и неговиот идентитет, ке се редефинира историјата и ке се менуваат учебниците, личните карти, пасошите, имиња и сл.
Народот беше во исчекување за отпочнување на седницата која се одложуваше цели десет часа. Дали ке се испочитува неговата јасно искажана волја на референдумот одржан на 30-ти септември каде мнозинството на граѓаните на Република Македонија го отфрлија тој капитулански договор, како антиуставен и незаконски,( Преспански договор), или ќе се изневери неговата јасно искажана волја. Опозиционите пратеници кои претходно јасно го искажаа својот став заедно со нивната партија, ВМРО ДПМНЕ, дека ке ја почитуваат волјата на мнозинството на граѓани кои гласаа против референдумот, и кои нема да ги подржат уставните промени, цело време го држеа народот дека ВМРО има стабилно мнозинство, и дека пратениците нема да го гласаат тој договор. Но што всушност се случувало во тој временски период на исчекувње од десет часа?
Од една страна се спремало ново насилство во Собранието на Република Македонија во случај да не се добие 2/3 мнозинство нешто слично како на 27-ми април. Од друга страна, додека пратениците од опозицијата чекаа на дневен ред да се стават на гласање уставните промени , за кои
влаадечката СДС и Заев немаа дво третинско мнозинство, во самото Собрание се случувала вистинска заложничка драма со дел од пратениците на опозицијата?
Се уценувале, заплашувале и поткупувале токму оние пратеници против кои се водат судски процеси, или само си ја спасувале сопствента кожа?
Вистински пазар насред Собрание, далеку од очите на народот, седнати во кабинетот на Талал Џафери, заедно со Заев, Али Ахмети и амбасадорот Бејли?
Наводно, во Законодавниот дом непосредно пред гласањето на уставните промени, се пеглале разликите во бројката и се заговарале можни решенија како обид за обезбедување на 2/3 мнозинство.
Во прилог на ова беа и засилените оклопни полициски и воени трнспортери со цел да се скрши и последниот отпор кај “уценетите”опозициони пратеници, како и за можноста од нивната интервенција во случај да не се обезбеди потребното мнозинство. Значи однапред испланирано и разработено сценарио како да се добие 2/3 мнозинство на кое работеа Бејли, Сорос, Еу и Сад.
Во тоа сценарие за да се имплементира Преспанскиот договор потрошени се стотици милиони евра на новинари, политичари и пратеници.
Целиот процес се водеше на сила и без концензус
Се шпекулира дека пратениците со посредништво на Сашо Мијалков кој е во релација со Заев, се испазариле за да се спасат себе си, а не држвата, иако, цело време во јавноста кажуваа дека нема да одат против волјата на граѓаните, а со тоа дека нема да гласаат ниту за уставните промени ниту за Преспанскиот договор.Во случај работите да излезат од конторла тогаш вината да ја префрлат на некој друг.
Значи тие сторија предавство.
Го прелажаа народот, ја изневерија нивната партија , ја продадоа државата и гласаа ЗА уставните промени.
Тие, истите, обвинети пратеници за настаните од 27 април, сосема случајно, од “независното”судство и обвинителство, беа ослободени од притвор (ден два порано) токму тогаш кога требаше да се гласа за уставните промени?
И одеднаш станаа свесни дека треба да гласаат за измени на Уставот?
Зарем некој ке им верува дека тие всушност биле уценети?
Дека биле изложени на закани, уцени, притисоци?
Никој не верува веќе во такви евтини приказни, ниту во бајки за подобар и розов живот, за кои тие лажеа дека гласаат.
Но историјата со големи букви ке ги испише како предавници на својот народ и на сопствената држава.
Значи владеачката гарнитура го изнегира рефрендумот и го стави на гласање Преспанскиот договор, (кој значи промена на името) , прекршувајќи го владеењето на правото и законите, како и уставот на Република Македонија, а осумтте пратеници само им помогнаа во насилното гласање на Уставните промени кои се отпочнаа како процес, со крајна цел имплементација на Преспанскиот договор, со цел промена наУставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.
Со самиот чин што во Собранието на Република Македонија не се испочитува јасно искажаната волја на граѓаните на Македонија, (кои на референдум го отфрлија Преспанскиот договор ) за што и ДИК се произнесе дека референдумот не го постигна потребниот цензус и се смета за пропаднат , и не
се испочитува владеењето на правото, на зaконите и Уставот на РепубликaМакедонија, нам практично ни се случи пуч во државата. Ни се случи државен удар кој западот го поздрави како историски чин за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Целата меѓународна заедница не чекаше многу за да излезе и да го поздрави овој чин на гласање во Собранието, кој го оцени како демократски, а опозиционата ВМРо ДПМНЕ јаобвини за кочење на демократските процеси за влез во ЕУ и НАТО.
Ова го велам поради тоа што се гласаше за самоукинување на државата, за нејзино уништување, од страна на само 80 пратеници, народни избраници. И веднаш потоа целата западна политичка номенклатура замислете веднаш ја подржа капитулацијата на Македонија и дури ја поздрави, порачувајчи им и на другите пратеници да се охрабрат да ги подржат уставните промени, за кои добро знаеме што значат. После ова не ме изненадува бројката на пратеници (за која сметам дека ке растево периодот што ќе следи) кои ке се стават на страната на владеачкото парламентарно мнозинство. Ќе исплива целата фекалија на површина. Затоа сега најважно од се е да се дава подршка на опозицијата за да се реформира во нејзините редови, за да може да влијае врз одредени амандмански измени или, во крајна цел да повика на грѓанска непослушност.
Оваа голгота која сега ја поминуваат граѓаните на Република Македонија, никогаш нема да ја заборават, и ке биде нивна најцрна историја.
Преспанскиот договор кој во себе вклучува амандмански и уставни измени владеачката гарнитура планира до јануари, идната година како процес да ги финализира. Но за да стане правосилен, потребно е, и грчкиот парламент да го усвои во нивното Собрание овој договор. Во случај Грците да не го изгласаат овој договор, тогаш тој пропаѓа.
Јас искрено се надевам, дека и покрај тоа што Грција многу напори вложи за да се потпише договорот , за кој потроши стотици милиони евра за поткуп на новинари, политичари и пратеници, дека нема да го потпише. Со тоа автоматски договорот престанува да важи. Тогаш ќе мора да се распишат нови избори на кои народот поучен од агонијата, стравот, стресот, разочарувањата што ги доживуваше, ќе знае како да гласа и кому ќе му ја даде довербата на следните парламентарни избори, кои мислам дека заедно со Претседателските ќе се одржат на пролет, април.
Весна Наумовска