Не смееме да бидеме заложници на Преспанскиот договор
Македонија денес го живее сонот на ЕУ, НАТО и САД заедно со СДС и Зоран Заев .
Поминаа скоро три недели од почетокот на процесот на уставните промени.
И покрај дискриминираната волја на граѓаните кои го кажаа своето “НЕ” за уставните промени, и “НЕ” за Преспанскиот договор на референдумот од 30-ти септември, сепак со поткуп, притисоци, и уцени врз одредени пратеници во Собранието на Република Македонија, или пак доброволно, се обезбеди потребниот цензус од 2/3 мнозинство за да отпочне процесот на Уставните промени, на големо разочарување на опозицијата, и на сите оние 1,2 милиони граѓани кои гласаа против тоа.
Претседателот на Собранието , Талал Џафери веднаш пристапи кон процесот на Уставните измени.
Тој веднаш закажа седница ,на која и претходеа комисии кои, дебатираа по уставните амандмани.
На македонската политичка сцена се создаде уште една македонска пратеничка група во Собранието, како дел од поранешната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, од оние наводно уценетите пратеници а, која сега ке функционира како независна пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ која брои 8 члена, чиј координатор стана Елизабета Канческа Милеска.Истите, нив ги чува полиција од народот, небаре се археолошки експонати па мораме да ги заштитиме како национално богатство.
Со ова всушност се зацврсти мнозинството на опозицијата. Барем тие така сметаат.
Засега на маса се ставени само нацрт амандманите за чие гласање е потребно просто мнозинство од 61 пратеник.
Изненадувачки е (што предходно, кога народот се организираше за да не дојде до овој процес, да не
дојде до промена на Уставот , до имплементација на Преспанскиот договор, со цел промена на Уставното име на Република Македонија ) што никој од опозиционите партии, лидери, политички здруженија и разни организации, обединети околу намерата да не помине Преспанскиот договор, не излегоа јавно, сплотени еден до друг, и организирано да се спротивстават на предавството кое СДС и Владата на Заев во коалиција со ЕУ, НАТО и САД го спроведуваше пред нивните очи и пред очите на целата меѓународна јавност.
Процесот за Уставните промени во Собранието си течеше, се ставија новите предлог амандмани по кои комисиите и пратениците расправаа, за потоа да се стават на гласање, тивко и мирно(со по некоја јавна критика на полички дебати емисии)
Молк во партиите, молк кај народот.
Се наметнува прашањето:
Зошто ќутат Опозиционите партии и 1,2 милиони граѓани на Република Македонија, кои го отфрлија на референдумот Преспанскиот договор ?
Зошто не се спротивставија со истата жестина како и за референдумот?
Со свои очи гледаат како им се продава државата, како им се менува името, јазикот, идентитетот и се индиферентни?
Слушаат дека се формираат комсии од двете страни, македонската и грчката, за редефинирање на македонската историја, и пак слаби реакции.
Просто незамисливо и несватливо да не реагира еден народ ,чија држава некој му ја распродава, дели, ја преименува, му го укинува јазикот, му го брише идентитетот!
Зарем има полошо од ова што може на еден народ да му се случи?
Никогаш досега еден народ без војна не добил своја држава, ниту пак без војна си ја изгубил државата.
Ова што сега се прави со целото претходно разработено сценарио на западните сили е преседан во меѓународното право, и правото на самоопределување на еден народ да се нарекува како сака. Повторно недостасуваат реакции на патриотско чувство за одбрана на сопствената држава која е загрозена и од внатре и однадвор.
Дали тоа народот се предаде на стихија, се уплаши од заканите што секојдневно не стивнуваат или, се разочара од лидерствата на партиите кои не ги повикаа јавно да излезат на улица?
Ние, македонците сме народ на кој му треба лидерство. Чекаме да не организира и повика некој друг.
Ова досега безброј пати го потврдивме во минатото.
-Кога менувавме Устав
-Кога менувавме знаме
-Кога прифативме привремена референца (БЈРМ)
Кога прифативме Охридски рамковен договор
Што добивме од сето тоа?
Еве го резултатот од тоа:
-Тиранска платформа
-Договор со Бугарија
-Преспански договор
Уште ли ќе ќутат сите? До кога?
Уставните промени во себе содржат 4 амандмани .
Првите два амандмана беа ставени на гласање на Седница во Собранието на Република Македонија, каде поминаа без некои поебни потреси и пречки. Брзо и глатко поминаа без последователни реакции.
Со првиот амандман се брише името на Република Македонија и, се преименува во Република Северна Македонија.
Со вториот амандман, во преамбулата од Уставот на Република Северна Македонија , албанскиот етникум се издигнува до ниво на државотворен народ.
Значи со ова ние имаме нова држава. Во таа нова држава во преамбулата на Уставот се брише Асном, а се додава и јакне Рамковниот договор.
Се уриваат темелите на Асном за создавање на македонска држава , а со тоа се создава нова , држава со ново име, со нов народ, нов идентитет, нов јазик. Северна Република Македонија би била новоформирана држава, со народ кој дотогаш не постоел како македонски. Држава, во која не се знае кој ќе биде службен јазик, држава на која допрва ќе треба да и се утврдува идентитетот. Се наметнува прашањето:
Зошто тогаш на Македонија и е потребно да имплементира еден ваков штетен, капитулански , анитиуставен и предавнички договор, со кој целосно се брише нејзиното уставно име, јазик, идентитет и историја?
Бидејќи кога има промена на име на една држава, тоа е веќе нова држава. Држава која ќе постои од моментот на нејзиното конституирање
( во случајот , со имплементација на Преспанскиот договор ).
Засилени се заложбите на Заев( кој само ги спроведува западните инструкции) за создавање на трета албанска држава на Балканот преку бинационална “Северна Македонија” ( според тиранската платформа)
Зарем ќе се дозволи албанското малцинство да има поголеми права од останатите малцинства? иако Македонија не е повеќе држава на македонскиот народ!
Албанците добиваат повеќе права на штета на македонците. Македонија на тој начин ќе мора процентуално да ја дели сопствената држава со сите други во новосоздадената држава, во која за неа нема да има место. Затоа што сите етнички заедници во Македонија си остануваат исти, непроменети, македонскиот идентитет се укинува, а албанскиот се јакне до ниво на државен.
Се случува политика на однародување на македонската држава и на македонскиот народ!
Македонците со овој договор се ставаат во потчинета состојба, ставени се во состојба да се борат за гол опстанок во својата држава.
Преспанскиот договор сам по себе значи договор за распарчување на Македонија, и како такви треба да влеземе во НАТО.
Безимени и обезглавени, како живи мртовци без корен, без минато, безимени, без јазик, без идентитет.
Зарем ние македонците ова го посакуваме?
Зарем ќе дозволиме оваа наша држава ,која со крв е создадена врз темелите на Асном, и од нашите претци, така лесно да му ја дадеме на некој друг, без отпор, без спротивставување, без одбрана?
Нато имаат задача да не уценуваат, да го компромитираат Балканот, и долго да останат овде, во оваа држава која сеуште се нарекува Република Македонија. Ние сме им само стратешка цел за остварување на нивните цели и интереси кои се насочени кон нас само како териотрија, но не и како држава. Затоа сакаат да не сменат, да не избришат од листата на народите, да не натераат сами да се самоубиеме, за да не сведат на катеорија територија, на која тие ќе одлучат кому ке му дадат да биде носител на државотворноста на новата држава, Северна Република Македонија.
Затоа , во името на крвта на нашите претци, во името на нивните животи кои ги дадоа за оваа наша татковина, да не дозволиме да ги предадеме нивните заложби за кои тие се бореле, за сувереност и самостојност, и да не дозволиме да згазиме врз нивната чест и достоинство.
Затоа ги повикувам Опозицијата, и сите оние 1,2 милион гласачи, граѓани на Република Македонија кои, не го дадоа својот глас за Преспанскиот договор, за промена на името, да излезат на улица, да ја покажат својата сила, и да се спротивстават на ова зло наречено велепредавство.
Не смееме да бидеме заложници на ЕУ, НАТО, САД и Владата на СДС и на Зоран Заев!
Зошто силата е во народот, и во владеењето на правото!
Весна Наумовска