Ванковска го обелоденува тајниот план на владата за референдумот

Во своите бројни разговори со странски новинари периодов, професорката Билјана Ванковска успеала од нив да го извлече „пеколниот “ план на владата за референдумот во недела, кој на новинарите им бил соопштен „оф д рекорд“.
Владата, велат нинформациите добиени од новинарите, очекува излезност од 600-700.000 гласачи или барем ист број колку што стои зад владата. За тоа се очекува ДУИ и Али Ахмети да извршат огромен притисок врз Албанците да излезат во голем број.
И тука доаѓа „политичкиот циркус“, како што вели професорката Ванковска или мрачната инвентивност на тимот кој стои зад ова.
„… Ќе прогласат голема победа со образложение дека избирачкиот список не е реален, т.е. дека околу 600-700.000 граѓани живеат во странство, па тие ќе ги земат предвид само гласовите на луѓето кои живеат во Македонија (и кои се „видливо“ мнозинство, според Заев)… Наместо валидниот Избирачки список, тие како „документ“ ќе ги користат проценките на Државниот завод за статистика за бројот на жители“, го образложува професорката неверојатниот план.
Натаму, во 19:30 „победата“ ќе ја соопштел Талат Џафери, со прес-конференција во парламентот по што веднаш би стасале честитките од Вашингтон, Брисел, Берлин, итн. Жешкиот костен ќе му се префрли на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се оди на брзина на уставни промени.
„Што е за нас битно?“, прашува Ванковска и одговара дека најбитно е што е сето ова политички циркус, а референдумот е мртвороденче уште од старт.
„Тие нека слават Потемкинови села, ние знаеме дека референдумот не им поминал и покрај сета пропаганда. Немојте утре да наседнувате на гласини дека излезноста е голема, па да ве фати паника и да побрзате да гласате против. Тоа ќе биде голема грешка! Одговорот на овие манипулатори мора да биде што помала излезност. Потоа, вистинската битка почнува во понеделник – ова утре е само „предигра“ во една политичка еротска сапуница во која сакаат да не’ силуваат без да сме свесни за тоа“, заклучува професорката Билјана Ванковска.
Фејсбук постот на Ванковска можете да го прочитате на следниов линк:
https://www.facebook.com/search/top/?q=biljana%20vankovska