САД Ја туркаат Македонија во продолжена политичка криза – апел до Опозициските Пратеници
Синоќа Стејт Департментот на САД излезе со став дека го подржува Преспанскиот Договор и советува дебатата да се пресели во парламентот за да партиските лидери се издигнат изнад своите партиски гледишта и да го прифатат Преспанскиот договор за да се изгласаат уставните измени што се содржани во Препсанскиот Договор. Овој став е идентичен со ставот на Премиерот Заев кој исто така повика на ист чин да се случи во Собранието на РМ. Координираноста помеѓу Стејт Департментот и Македонската влада е очигледна и е во спротивно на волјата на мнозинското население на РМ.
Ваквиот развој на настаните и повикот за гласање на уставни измени во Македонсиот Парламент ги кршат демократските права на мнозинството гласачи на Република Македонијао и нивната волја и право на бојкот кое е загарантирано. Исто така ваквиот став го игнорира законот за РЕферендум кој во член 30 став 1 ги поставува условите за успешен референдум од над 50% од вкупниот број гласови. Значи повтоврно имаме газење на законите и демократсктие принципи во име на НАТО и ЕУ но сега имаме експлицитна подршка и инструкции што да се прави од Стејт Департментот, заедно со Јоханес Хан и генсекот на НАТО кои исто така дадоа слични изјави.
Според ова политичката криза ќе продолжи и борбата за зачувување на уставното име на Македонија влегува во нова фаза. Сега се на ред опозициските пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија и пратениците на ГРОМ. Никој од нив не влегол во Парламент со цел да дигне рака за промена на уставното име на Македонија а особено не во услови кога огромниот дел од Макеоднскиот народ не гласаше за Преспанскиот Договор за промена на уставното име на Македонија. Од опозициските парламентарци очекуваме да ја испочитуваат волјата на народот и да не попуштат под притисоците, уцените и поткупувањата кои ќе бидат вршени над нив.
Вашата борба е да го зачувате уставното име на Република Македонија и да не потклекнете на притисоците кои ќе се засилат. Исто така апел до Мицковски кој е мета на извештајот на Стејт Депратментот да не попушти да го промени ставот и да биде безкомпромисен во сегашниве историски моменти за Македонија. Ти како лидер на ВМРО-ДПМНЕ ниту пак пратеничката група која ја предводиш немате мандат за промена на уставот и ова е ваша можност да си ја исправите грешката која ја направивте со не повикување на Бојкот и да покажете како се бранат интересите на народот.
Немојте да дозволите сами да се лустрирате како тоа што го направија во последниов месец плејада на политичари, академци, интелектуалци и бизнисмени. Останете запишани во историјата како бранители на уставот на Македонија а не како предавници на Македонсиот народ кој речиси едногласно го отфрли Препанскиот договор.
Сашо Маневски